X
 21.08.2022 Економија

Кои земји во Европа се најпогодени од растот на цените?

Стапката на инфлација во Велика Британија во јули порасна на 40-годишен максимум од 10,1 отсто, соопшти Организацијата на национални статистики неделава.

Инфлацијата во еврозоната, исто така, продолжува да расте со рекордни стапки, стигнувајќи до 8,9 отсто во јули. Тоа е повеќе од 8,6 отсто во јуни, 8,1 отсто во мај и 7,4 отсто во април. Цените за енергијата се најголема причина за овој раст.

Според податоци од јули, Германија забележала раст на инфлацијата од 8,5 отсто, по мал пад минатиот месец. Инфлацијата во Франција сега изнесува 6,8 отсто, а во Италија 8,4 отсто.

Балтичките земји се особено погодени. Естонија има инфлација од 22,7 отсто, Литванија од 20,8 отсто, а Латвија од 21 отсто.

Во Македонија годишната стапка на инфлација изнесуваше 16 отсто во јули, што е забрзување во споредба со инфлацијата од 14,5 отсто забележана во јуни, според податоци од Државниот завод за статистика.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија