X
 21.09.2018 Живот

Намалена стапката на сиромаштија во светот

Стапката на сиромаштија во светот падна на историски минимум, соопшти Светската банка.

Во 2015 година 10 отсто од светското население живеело со помалку од 1,90 долар дневно, што е помалку од оние 11,2 отсто од 2013 година, истакнуваат од оваа меѓународна институција.

Тоа значи дека 735,9 милиони луѓе во 2015 година живееле под границата на сиромаштија, во споредба со 804,2 милиони од 2013 година.

Пад на сиромаштијата е регистриран во сите региони, со исклучок на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што судирите во Сирија и Јемен ја зголемија стапката на сиромаштија од 2,6 отсто, колку што изнесуваше во 2013 година, на 5 отсто, колку што се забележани во 2015 година.

Стапката на сиромаштија во Супсахарска Африка изнесува 41,1 отсто, во Јужна Азија 12,4 отсто, во Латинска Америка и Карибите 4,1 отсто, во Источна Азија и Пацификот 2,3 отсто, а во Европа и Централна Азија 1,5 отсто, истакнаа од Светската банка.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот