X
 21.09.2018 Наука

Oва суштество официјално е потврдено како најрано познато животно во светот

Мистериозно суштество што живеело на Земјата пред повеќе од половина милијарда години сега е докажано дека било животно. Фосил од пред 558 милиони години бил толку добро сочуван што имал масни молекули, убедливо смирувајќи ја дебатата за идентитетот на дикинсонија.

Пред експлозијата Камбријан пред 541 милион години, кога се појавил модерниот животински живот, како трилобити, сунѓери, црви и мекотели, фосилите биле во мал број. Но, имало живот - сега имаме фосилни докази за една мистериозна група на животни форми позната како Едиакаран биота.

Родот дикинсонија, првпат опишан во 1947 година, можеби е најпрепознатлив од нив, а неговиот идентитет е предмет на жешка дебата повеќе од 70 години. Со должина од 1,4 метри, неговото рамно тело со овална форма е нешто што досега не сме го виделе.

1
Фото: ANU


Теориите за тоа што би можело да биде вклучувале алги, протозои, лишаи, колонии на бактерии, медузи, корали, црви, вид печурки и корали - постојат толку малку заеднички карактеристики со другите организми што пристапот за категоризација едноставно само давал предлози за да види кој ќе одговара.

Но, откритието на холестерол во фосил на дикинсонија од Русија е прилично тежок доказ во корист на оваа категорија животни.



- Молекулите на фосилните масти што ги пронајдовме докажуваат дека животните биле големи пред 558 милиони години, милион години порано отколку што претходно мислевме. Научниците со децении се расправаа за тоа што биле дикинсонија заедно со другите фосили од Едиакаран биота. Огромни едноклеточни амеби, лишаи, неуспешни експерименти од еволуцијата или најраните животни на Земјата - вели палеобиогеохемичарот Јохен Брок од австралискиот национален универзитет.

Проблемот со позитивната идентификација е што органскиот материјал деградира со текот на времето - 558 милиони години е доволен период за какви било докази да се распаднат.

Неодамна истражувачите од Кембриџ ја идентификувале дикинсонија како животно со екстраполација на нејзиниот раст врз основа на животните фази на поединци и стеснување на изборот на животно. Но, истражувачите морале да бараат напорно за да ги пронајдат доказите. Повеќето од фосилите на дикинсонија што ги имале се од планините Едиакара во Австралија. Сепак, некои фосили од дикинсонија во Русија ја задржале органската материја.

- Молекуларните фосили цврсто ги поставуваат дикинсонидите во рамките на животинското царство, поставувајќи ја дикинсонија како најстарото потврдено микроскопско животно во фосилната документација - велат истражувачите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука