X
 21.09.2018 Наука

Вашата возраст влијае врз тоа како ја гледате оваа класична оптичка илузија

„Мојата сопруга и мојата баба“ е една од најпознатите оптички илузии во светот.

Илузијата зависи од перцепцијата на лицето: или гледате млада жена со завртено лице или профил на постара жена од левата страна на цртежот.

Еве помош: Ѓерданот на младата жена е устата на старата жена. Сега го гледате? Брадата на младата жена е и носот на постарата жена, а брадата на постарата жена се градите на младата жена.

Ако некогаш сте се запрашале зошто ја гледате младата жена прво или зошто ја гледате постарата жена прво, австралиско истражување спроведено од двајца професори по психологија заклучува дека ова е поврзано со вашата возраст.

Според истражувањето, помладата личност прво ќе ја забележи помладата жена, додека постарата личност ќе ја забележи постарата жена.


Фото: Wikimedia Commons


Во истражувањето биле вклучени 393 учесници (242 мажи, 141 жена) на возраст од 18 до 68 години, а просечната возраст била 32 години. На кандидатите им била прикажана слика половина секунда, а потоа биле прашани за полот и возраста на лицето што го виделе.

Повеќето учесници прво ја виделе помладата жена, а тоа е така затоа што поголемиот дел од учесниците биле помлади.

Кога истражувачите ги поделиле исто: 10 отсто најстари и 10 отсто најмлади од анкетираните, тие откриле дека постарите прво ја виделе постарата жена, а помладите помладата жена.

Целта на истражувањето била да се утврди дали предрасудите за сопствената возраст влијаат врз почетната интерпретација на сликата на потсвесно ниво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука