X
 21.09.2022 Наука

Откриена вода во метеорит што паднал на Земјата

Првпат е откриена вода од друго место во вселената во метеорит што падна на Земјата.

Метеоритот Винчкомб, кој паднал во Велика Британија минатиот февруари, можеби крие информации за потеклото на водата на Земјата.

Водата сочинувала 12 отсто од метеоритот, според истражувачот Ешли Кинг, кој работи во британскиот природонаучен музеј.

- Составот на водата е многу, многу сличен на составот на водата во океаните на Земјата - изјавил истражувачот.


Фото: Natural history museum

Метеоритот е тежок околу половина килограм, а бил зачуван за околу 12 часа по неговото паѓање на Земјата, па затоа се смета дека бил заштитен од влијанието на земните минерали и водата.

Метеоритот паднал на Земјата на 28 февруари 2021 г. Дел од него бил откриен од едно семејство, а други остатоци биле откриени од страна на истражувачи следниот месец.

Се проценува дека метеоритот е стар 4,6 милијарди години и потекнува од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Извор: Interesting engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука