X
 21.10.2020 Живот

Дубаи нуди едногодишна виза за оние што работат на далечина

Повеќе земји во светот создадоа програми за виза за да привлечат странски работници за време на пандемијата. Дубаи е последната што објави таква програма. 

„Визит Дубаи“ претставува едногодишна програма за работа на далечина со која странците и нивните семејства ќе може да останат во градот најмногу една година додека работат за странски компании.

За да аплицираат за оваа виза, работниците мора да заработуваат најмалку 5.000 долари месечно. Потребно е да се има и здравствено осигурување што е валидно во Обединетите Арапски Емирати.


Фото: Pixabay

Визата овозможува право на отворање сметка во локална банка, добивање телефонски број и пристап до интернет. Работниците што ќе престојуваат во Дубаи ќе добијат право нивните деца да ги запишат на училиште во градот. Работниците нема да плаќаат данок на доход во Дубаи.

Дубаи ги отвори границите за странските туристи на 7 јули, но секој турист мора да покаже негативен тест за Ковид-19, да има здравствено осигурување, да потпише дека ќе ги плати сите трошоци за карантин доколку заболи од Ковид-19 и во зависност од земјата, да направи втор тест по слетувањето.

Автор: Софи-Клер Холер
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот