X
 21.10.2020 Култура

Фотографиите што го сменија текот на историјата

Живееме во општество презаситено со фотографии. Постојано гледаме видеа од акти на насилство и смрт, а социјалните мрежи и медиумите постојано нѐ бомбардираат со вознемирувачки наслови и фотографии. Честопати овие фотографии се популарни неколку денови и потоа се забораваат.

Во време кога мислиме дека фотографијата ја губи својата моќ, списанието „Тајм“ нѐ потсетува на некои фотографии што имале влијание и направиле промени во светот. Меѓу фотографиите објавувани од списанието се онаа од кинескиот граѓанин кој му се спротиставува на тенк на плоштадот „Тјенанмен“ и портретот на Че Гевара од 1960 г., кои и денес се препознатливи.

Списанието објави 21 кратко видео за фотографиите што го сменија текот на историјата. Сите видеа може да ги најдете на каналот на „Јутјуб“ на списанието овде, а во продолжение следуваат дел од нив.





Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура