X
 21.10.2021 Култура

„Моето езеро“ ја отвора Неделата на албански филм во Кинотека

По пет долгометражни и краткометражни играни филмови од поновата продукција ќе бидат прикажани на манифестацијата Недела на албански филм, која почнува денеска во Кинотека и ќе трае до 26 октомври. На отворањето на манифестацијата ќе бидат присутни Едуарт Макри, директор на Националниот филмски центар на Албанија, и Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Скопје.

Неделата на албански филм ќе почне со „Моето езеро“ (Liqeniim / My lake) на Ѓерѓ Џувани, веројатно еден од најпознатите и најуспешни албански филмски автори во овој век. Потоа следува филмот „Зората“ (Dita zë fill / The Daybreak) на Гентиан Кочи, дебитантско долгометражно играно остварување на овој млад режисер, кој е автор на неколку кратки и документарни филмови.  

На оваа манифестација уште ќе бидат прикажани и филмовите „Аманет“ (Amaneti / The Last Wish) од Намик Ајази, „Засолниште меѓу облаците“ (Streha mes reve / A Shelter Among The Clouds) и „Делегација“ (Delegacioni / The Delegation), како и неколку кратки филмови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура