X
 21.10.2021 Забава

Реклама на кафуле во Србија:„ Кај нас кафето е најдобро бидејќи го прават луѓе со факултет“

На „Редит“ се појави фотографија од кафуле во Србија кое тврди дека го служи најдоброто кафе. Зошто кафето овде е најдобро? Според нив, кафето е најдобро бидејќи го подготвуваат луѓе со факултет.

Рекламата предизвикала различни реакции. За некои, таа е смешна, а за други не е коректна.

- Бедно на повеќе нивоа, а најголемото е дека маркетинг-тимот/сопственикот на овој локал мислел дека оваа толку духовита досетка треба да се стави како реклама - напишал еден корисник.



Некои посочиле дека проблемот со преквалификуваната работна сила е резултат на тоа што луѓето завршуваат бесмислени и непотребни факултети.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава