X
 21.11.2018 Образование

Универзитетот Американ колеџ организира бесплатна маркетинг-конференција. Пријавете се!

ПРИМЕНЕТИ МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИСКИ ТРЕНДОВИ – ПРВА МАРКЕТИНГ-КОНФЕРЕНЦИЈА

Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) ја организира првата годишна маркетинг-конференција за применети маркетинг и комуникациски трендови, на 13 декември (четврток) 2018 година, во Скопје, во Сити хол центар - Скопје, со почеток во 10:30 часот.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати професор д-р Димитар Ковачевски, шеф на катедрата за маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС.

Главни говорници на маркетинг-конференцијата се 7 извршни директорки на маркетинг и комуникациски агенции во Македонија:

Александра Дилевска, CEO Macedonia| COO Adriatic Publicis One
Илинка Црвенковска, Creative Director Idea +Communication
Билјана Мечкаровска, Managing Director MPG Solutions-Skopje
Весна Кузмановиќ, Managing Director StratumRID
Ангелка Пеева Лауренчич, Managing Director ImagePR
Ира Стефанов Бабич Ira, CEO Brand Union
Роза Петровска, Managing Director Universal Media Skopje



Учеството на конференцијата е бесплатно, а формата за регистрација е достапна на: http://www.uacs.edu.mk/home/event/marketing-talks-uacs/

Главните говорници ќе бидат достапни за куси изјави и дополнителни новинарски прашања по завршувањето на првата сесија (околу 13:00 часот).

Работен јазик на настанот е англискиот, без превод на македонски јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование