X
 21.11.2019 Живот

Секој четврти Романец нема тоалет во својот дом

Еден од четворица Романци нема тоалет во својот дом. Ова е највисокиот процент меѓу земјите-членки на ЕУ.

Се проценува дека во 2018 година 2,1 отсто од луѓето во Европската Унија живееле во домови во кои нема тоалет. Најголем број такви домаќинства се забележани во Романија, а најмалку во Германија, Луксембург, Холандија и во Шведска. Ова претставува пад од 1,2 отсто во споредба со 2010 година, кога имало 3,3 отсто вакви домаќинства.

Во Романија 27,7 отсто, односно приближно секој четврти жител се изјаснил дека нема тоалет во своето домаќинство. Ова е најголем процент во споредба со другите членки на ЕУ. По Романија следуваат Бугарија (15,3 отсто), Литванија (10,6 отсто), Летонија (9,9 отсто) и Естонија (5,3 отсто), покажуваат податоците на Евростат.

Во 19 земји-членки на ЕУ бројот на домаќинства без сопствен тоалет е под еден отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот