X
 21.12.2016 Здравје

Здравствени проблеми предизвикани од сувиот воздух во вашиот дом

Сувиот воздух во вашиот дом за брзо време остава траги на вашиот организам и вашата кожа.

Сувиот воздух дополнително ја суши вашата кожа, а можат да се појават и многу респираторни проблеми и проблеми со очите. Со тоа, сувиот воздух може и да една од причините за појава на астма кај децата.

Освен растенијата, врз сувиот воздух може да влијаат и навлажнувачите и апаратите за одвлажнување. Додека апаратите за одвлажнување го намалуваат нивото на влажност во вашиот дом, навлажнувачите се одлично решение за сув воздух.

Ова се здравствените проблеми кои може да ги предизвика сувиот воздух:

- Предизвикувач на астма кај децата
- Појава на бронхитис
- Можно крварење од носот поради исушена носна слузница
- Постојана дехидрација на организмот
- Полесна зараза со вируси и бактерии бидејќи е оштетена носната слузница
- Воспаление на синуси
- Иритација на очи

Сувиот воздух е голем проблем во текот на зимата поради греењето и несоодветната вентилација. Поради тоа, во текот на овие месеци, потребно е да водите посебна грижа за воздухот во вашиот дом, а тоа најдобро ќе го направите со помош на апарат за навлажнување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје