X
 21.12.2018 Живот

Британец тврди дека го снимил чудовиштето од Лох Нес

Британскиот туристички водич Рики Филипс тврди дека го снимил фамозното чудовиште од шкотското езеро Лох Нес и објави слика од тоа.

 - Прво се појави чуден звук, како кога некој дише низ маска. Исто како Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“. Имам искуство во едрењето, па знам кога во водата плива делфин, фока или нешто друго. Ова што го видов не е слично на ниеден познат вид, а личи на птица - уверува Филипс.

Една од првите фотографии од чудовиштето, направена во 1934 година, според стручни лица, е фалсификат.

Насетувајќи ги сомнежите и обвинувањата за нов фалсификат, водичот вели дека ако сакал да лажира, ќе направел суштеството да личи на нешто друго, а не на птица.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот