X
 21.12.2018 Наука

Научниците се обидоа да откријат зошто луѓето упорно им веруваат на лидерите што лажат

Минатата година Доналд Трамп тврдеше дека бројот на луѓе на неговата инаугурација беше најголем во историјата на САД, иако снимките покажуваат нешто различно, а тоа е само една од низата лаги што досега ги кажал. Секако, ниту еден кандидат на претседателските избори во 2016 година не се покажал како пример за искреност. Се чини дека тоа повеќе ѝ наштетило на Хилари Клинтон отколку на Трамп.

Новото истражување посочува дека лажењето понекогаш ги прави политичарите поверодостојни и дека оние што ги поддржуваат нивните очигледни лаги се сметаат за симбол на протест против нечесниот естаблишмент.

Во едно онлајн-истражување 424 истражувачи читале за хипотетичка трка за претседател на студентското тело на факултет. Замислениот кандидат, кој се натпреварувал против сегашниот претседател, немал никакво искуство во водење на студентите. Во текот на дебатата сегашниот претседател споменал истражување што ја поддржува забраната за консумација на алкохол на кампусот.

Првата половина од учесниците прочитале дека истражувањето не било објавено во списание рецензирано од страна на експертите, нешто што го истакнал и новиот кандидат. Другата половина прочитала дека истражувањето било рецензирано, но противкандидатот лажел и рекол дека тоа тврдење не е за верување. Дополнително, направил сексистичка забелешка за научниците, притоа кршејќи и други општествени норми.

Половина од секоја група прочитала дека легитимитетот на сегашниот претседател на студентите е ставен под знак прашалник. А другата половина дека е добар претставник на студентите. На крајот, испитаниците требало да ја оценат автентичноста на новиот кандидат. Кога на испитаниците им било кажано дека легитимитетот на актуелниот претседател е сомнителен, и мажите и жените го оцениле лажливиот кандидат како поверодостоен од искрениот.

- Хипотетичките студентски влади се далеку од вистинските и реалните политички состојби, па тешко е да се генерализира - вели Дијана Мунц од Универзитетот „Пенсилванија“.

Научниците го поврзале истражувањето од 2016 година со анкетата во која учествувале 402 учесници, на кои им било кажано дека еден од твитовите на Трамп за глобалното затоплување е измама и е неточен. Поддржувачите на Трамп имале поголема веројатност од поддржувачите на Хилари Клинтон да видат дека твитот не е буквален, но претставува предизвик за политичката елита. Било двојно поверојатно дека својот кандидат ќе го оценат како поверодостоен.

Оливер Хол од Универзитетот „Карнеги Мелон“ и автор на истражувањето рече дека неговото истражување помогнало да се сфатат поддржувачите на Трамп.

- Тоа ми дава чувство дека светот сѐ уште е рационален до некој степен - вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука