X
 21.12.2019 Живот

Марш за чист воздух! Младите побараа да дишат

„Сѐ што сакам за Божиќ е чист воздух“, „Ќе поцркаме“, „Нема воздух, нема мир“...Ова се пораките кои вчера неколку илјади, претежно млади луѓе ги истакнаа на маршот низ улиците на Скопје. Побараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на загадувањето. Од Зелената револуција порачаа дека Владата има рок до крајот на оваа година да ги исполни барањата кои и беа претставени на почетокот на месецов. Ова беше втор масовен протест во Скопје, но овојпат на демонстрантите им се придружија и средношколци од цела Македонија. Дел од нив, вчера ја бојкотираа наставата.

Фото: Борче Поповски


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот