X
 21.12.2020 Живот

14-дневна изолација за патниците од Велика Британија предлага Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок Комисијата за заразни болести усвои нова мерка - 14 дена самоизолација за сите граѓани што со директни летови ќе дојдат во земјава од Велика Британија. Оваа нова рестриктивна предлог-мерка за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка - како задолжителен ПЦР-тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава. Министерството за здравство апелира до сите граѓани што патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот