X
 22.01.2021 Здравје

5 W за ласерската корекција на диоптријата - Who, What, When, Where, Why

Познати како 5 W - Who, What, When, Where, Why - се најчесто поставувани новинарски прашања, темел на секоја приказна. Со одговорите на овие прашања ќе дознаете се што треба да знаете за интервенциите што се изведуваат во Систина Офталмологија.

Серијалот ќе го почнеме со ласерска корекција на диоптријата, најизведувана и најмодерна естетска операција, во светски рамки и кај нас.
Без дилема, ласерската корекција на диоптријата, треба да ја доверите на стручниот и искусен тим на Систина Офталмологија. Направете го тоа, не само затоа што таму има најдобри технички услови и одлична медицинска експертиза, тука затоа што ќе ве сослушаат и разберат, пред да дојдете до заедничко, најдобро решение.

Формулата на нивниот успех е емпатијата.

Уште од деца, сите сме различни, на некој начин „уникатни“. Имаме различни афинитети : некој повеќе сака да спортува а друг да чита, некому е поубаво да гледа телевизија отколку да медитира, некој сака море, друг планина, еден сака хотел друг сака камп. Но, сите ние сакаме совршен вид !



Во продолжение, кратко но темелно е објаснето се што треба да знаете за ласерската корекција на диоптријата.

1. Кој може да направи ласерска корекција на диоптријата ?

Млади луѓе на возраст од 18 до 40 години, со стабилна диоптрија кои повеќе не сакаат да носат очила. Секако дека има и други параметри, важни за тоа дали некој е кандидат за ласерска корекција на диоптријата. Тоа најпрецизно се одредува на прегледот за оваа интервенција.

2. Што претставува ласерска корекција на диоптријата?

Ласерско ремоделирање на рожницата, со брза, безболна и безбедна интервенција. Со ласерска корекција на диоптријата се коригира диоптријата и цилиндерот ( астигматизам ). Интервенцијата трае само пет минути по око а пациентот заминува дома само со очила за сонце.

3. Кога е вистинско време за ласерска корекција на диоптријата?

Секогаш е вистинско време за ласерска корекција на диоптрија. Искусниот и стручен тим на Систина Офталмологија, независно од временската сезона, континуирано ја изведува оваа интервенција. Кога и да посакате, може да направите ласерска корекција на диоптријата, секако доколку сте кандидат за оваа интервенција. Во случај да не сте, не грижете се, во Систина Офталмологија има и многу други решенија.

Каде е најдобро да направите ласерска корекција на диоптријата?

Систина Офталмологија е водечка очна болница, во која со отворањето на рефрактивниот оддел во 2016 година, со партнерот Свјетлост, за првпат кај нас, почна да се изведува ласерска корекција на диоптријата а досега заедно се направени повеќе од 20.000 интервенции. Големото искуство и стручно знаење на медицинскиот кадар, најмодерната технологија и вистинската грижа за вашите потреби, ќе ви даде подобар поглед на светот околу вас и ќе ви го подобри животот. Во Систина Офталмологија, секојдневно се создава и живее филозофијата дека секој пациент е уникатен и единствен, како и решението на неговиот проблем. Тие разбираат што им е потребно на пациентите и знаат како тоа да го направат. За доброто на сите.

4. Зошто треба да се решите на ласерска корекција на диоптријата?

Очилата или контактните леќи, ви пречат во изведувањето на секојдневните работи и активности. Или едноставно не си се бендисувате со очила. Очните помагала најмногу пречат при спортување. Има професии каде што нивното носење е недозволиво, на пример кај професионалните возачи. Контактните леќи, пак, најчесто се непрактични, а може да предизвикаат иритации и ерозии. Доказ за тоа дека за се има решение е ласерската корекција на диоптријата, со која трајно се ослободувате од очните помагала и функционирате како никогаш да не сте ги имале.



Е сега, кога ја донесовте одлуката за ласерска корекција, уште три чекори ве делат од целта -совршен вид без очни помагала.

По успешната интервенција, вие си поставувате уште едно прашање :

Дали тимот на Систина Офталмологија ќе биде достапен за моите дополнителни прашања?

Одговорoт е : Да, во секое време, како и секој ваш пријател.

Затоа што на ова патување, вие и членовите на тимот на Систина Офталмологија, станавте пријатели.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје