X
 22.01.2021 Живот

„Тесла“ бара работник кој ќе ги следи пораките и критиките што Маск ги добива на „Твитер“

„Твитер“ е можеби најважниот начин на комуникација на Илон Маск. На оваа мрежа тој често ги објавува новостите и плановите на своите компании и комуницира со фановите и критичарите на „Тесла“ и „Спејс екс“, кои понекогаш го „тролаат“, а понекогаш поставуваат прашања за иднината на компанијата и производите, па често самиот Маск директно им одговара.

Бидејќи „Тесла“ минатата година го распушти одделот за односи со јавноста, за комуникација со медиумите и корисниците се вработени специјалисти за корисничка поддршка кои се првата одбранбена линија на „Тесла“ и најдобрите претставници на нивниот бренд.
Компанијата сега објави нов оглас за вработување во кој се бара друг специјалист за поддршка, но улогата што ќе ја има во компанијата е особено интересна. Меѓу другото, тој ќе ги следи коментарите и критиките кон Илон Маск на социјалните мрежи, а бидејќи најактивен е на „Твитер“, јасно е дека најголемо внимание ќе биде насочено кон оваа платформа.

Маск добива навистина многу објави во кои тој е означен, во кои е критикуван, пофален или некој има прашање за него. Речиси е невозможно Маск да ги следи сите овие прашања, критики и пофалби, бидејќи тој има и други обврски - на пример, да ја води највредната автомобилска компанија на светот, да го подготвува „Спејс екс“ за нови вселенски походи, како и да ги води и другите негови компании како „Неуралинк“ и „Боринг компани“.

Што се однесува до условите што кандидатот треба да ги исполнува за да работи за Маск, од него се бара „тимски дух“ како и година дена искуство во кол-центар или слично работно искуство.

Извор: Engadget.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот