X
 22.03.2021 Здравје

Научниците што ја создадоа вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ и „Бајонтек“ работат на слична вакцина против ракот

Озлем Туреци, дел од основачите на германската компанија „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја создаде едната од вакцините против коронавирусот, вели дека наскоро истата технологија ќе биде искористена во борбата против ракот.

Пред една година Туреци и нејзиниот сопруг Угур Сахин работеле на начин за користење на имунолошкиот систем за борба против канцерогените тумори. Тие ја оставиле оваа работа за да се фокусираат на вакцината против коронавирусот и за помалку од една година нивните имиња стоеја зад вакцина одобрена за користење во Обединетото Кралство, а набрзо и во САД и во други земји.

Вакцината направена од „Бајонтек“ и „Фајзер“ користи мРНК за да му испрати порака на телото да произведе протеини кои ќе го подготват за борба против специфичниот коронавирус. Истиот принцип би можел да се искористи за подготовка на имунолошкиот систем за борба против тумори, пренесува „Асошиејтед прес“.

- Имаме повеќе различни вакцини против рак кои се засноваат на мРНК - изјавила Туреци за новинарската агенција.



Кога била прашана кога би можела ваквата вакцина да биде достапна, Туреци одговорила дека тоа е тешко да се предвиди, но се проценува дека би биле потребни само две години за да се добијат вакцини против рак кои би можеле да ги примаат луѓето.

Сега компанијата работи на доставување на вакцината против коронавирусот и нивна проверка за ефикасноста против новите соеви на вирусот.

Минатата недела претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, им додели Орден за заслуги на сопружниците за создавањето на вакцината против коронавирусот.

Автор: Френк Џорданс
Извор: apnews.com
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје