X
 22.03.2022 Живот

Која земја плаќа најскапо гориво во регионот, а која во Европа?

Цените на безоловниот бензин еуросупер 95 и еуродизелот во Црна Гора се повисоки од просекот во регионот, покажуваат податоците на Билтенот на Министерството за капитални инвестиции, пренесува порталот „Бука“.

Според податоците од новиот Билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,74 евра, а од земјите од регионот поскап е само во Албанија каде што се продава за 1,98 евра.

Како што се наведува, литар еуросупер 95 е поевтин во Хрватска, каде што чини 1,63 евра, во Босна и Херцеговина 1,62 евра, во Србија 1,6 евра, а во Македонија изнесува 1,54 евра.

Најевтиниот безоловен бензин 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Унгарија - 1,28 евра, а најскапиот жителите на Холандија - 2,34 евра.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,74 евра. Поскап е во Албанија каде што може да се купи за 1,81 евро. Литар еуродизел во Хрватска чини 1,72 евра,во  БиХ 1,64 евра, а во Македонија 1,43 евра.

Според овие податоци, најевтин еуродизел во Европа плаќаат граѓаните на Малта, 1,21 евро, а најскап жителите на Шведска, односно 2,35 евра.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот