X
 22.04.2017 Живот

Невербалната комуникација ширум светот: како да се поздравите и дали да се насмеете?

Комуникацијата познава два типа: вербална – по пат на зборови, која може да биде писмена и и невербална, по пат на говор на тело, изрази на лици, боја на глас и сл. Денес со појавата на социјалните мрежи се појави и нов облик на комуникација: виртуелно комуницирање. Сепак невербалната комуникација е најприсутна.

„Културна маска“

Американскиот психолог Пол Екман ги истражувал емоциите на лицето низ експеримент во кој Американците и Јапонците гледале ист филм, но во посебна сала во кино. Како покажувале рекции за несреќите и хируршките операции во филмот?

Во текот на гледањето на филмот кај Јапонците влегол непознат Американец. Тогаш со насмевнување тие ги прикривале негативните изрази на лицето. Тие користат „културна маска“ многу повеќе од Американците. Но, сѐ уште не е утврдено дали некои гестови се последица на припадност на култура или само навика.

Култоролошки разлики

Изразот на лицето и насмевката значат скоро исто во цел свет. Екман на Универзитетот во Калифорнија и Сан Франциско покажувал фотографии од чувство на среќа, лутење, страв, тага, гадење и изненадување кај луѓе кои припаѓаат на 21 различна култура.

Во 20 од 21 земја постоело поклопување во погледот на изразот на изненадување, 19 од 21 во изразот на страв, а кај 18 од 20 во изразот на лутење. Значајна културна разлика се покажала кај Јапонците кои стравот го изразувале како изненадување.

Екман отишол и до Нова Гвинеја каде ја проучувал културата Јужна Флора и племето Дани од Западен Ириниј, кои се потполно изолирани од светот. Дошол до исти резултати со тоа што ја немало културната разлика што се забележувала кај Јапонците.

Разлики во начинот на поздравување

Во бизнис светот, Британците, Австралијанците и Американците обично се ракуваат при доаѓање и заминување. Во повеќето европски култури се ракуваат повеќе пати во текот на денот, а некои Французи поминуваат и до 30 минути во текот на денот во ракување.

Индиските, азиските и арапските култури можат да ја задржат Вашата рака во својата и откако ќе заврши ракувањето. Германците и Французите еднаш или два пати ќе Ви ја протресат раката и кратко ќе Ви ја задржат, додека Британците ја протресуваат од три до пет пати, а Австралијанците од пет до седум.

Кога станува збор за поздравување со бакнеж во образ, Скандинавците се задоволни со еден, Французите со два, а Арапите со три бакнежи.

Насмевки

Во САД насмевките значат дека личноста е љубезна, пријателски расположена и дека може да ѝ верувате. Ако еден Јапонец се смее на фотографијата за возачка дозвола со тоа покажува дека возачката не ја сфаќа сериозно, а со тоа покажува дека е таков и во други сериозни работи.
Во многу азиски земји луѓето се смеат кога им е неугодно, кога се извинуваат, кога се тажни, среќни, лути или збунети. Заради тоа насмевките не се така лесно поврзани со пријателството и среќата како во САД.

Затоа, кога откривате нови култури, мора да ги запознаете и начините на кои невербално се комуницира за да не бидете непријатно изненадени.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот