X
 22.05.2015 Наука

Што се случува со нашето тело доколку скратиме два часа сон?

Сонот е особено важен за нашето здравје, а најновото истражување покажува колку.

Сара Чалмерс заедно со 11.000 други Британци, учествувала во големо истражување за спиењето спроведено од London Sleep Center, чијашто цел била да ги открие несаканите ефекти кои недостатокот од сон ги има врз нашиот изглед.

На овој чекор Сара се одлучила бидејќи забележала дека недостатокот на сон лошо влијае врз нејзината состојба - послаба концентрација, меморија, лош изглед на кожата. Научниците тврдат дека само една или две ноќи лошо спиење можат да имаат особено лош ефект врз целото тело.

„Во текот на работната недела во просек спиев 6 часа, а за време на викендите се обидов да спијам подолго, па спиев околу 8 часа“, вели Чарлмерс. Кога била подложена на истражувањето, првата ноќ спиела само четири часа, што е половина од препорачаната доза на сон. По неколку дена таа започнала да го зголемува износот на сонот за 25%.

Научниците тврдат дека луѓето кои спијат помалку, за 60% им опаѓа способноста за решавање на проблеми, а за 40% им се намалува меморијата. Исто така, воочена е и поврзаност помеѓу несоницата и нискиот праг на болка.

„Не се вели без причина дека сонот е потребен за убавина, бидејќи навистина е така“, вели психологот Гај Медоус. Дерматологот Анита Стурнхем се согласува со ова - недостатокот на сон влије врз нашата кожа и изгледаме уморно, ни се зголемуваат борите, и лицето изгледа потечено и добиваме темни кругови.

Кога не спиеме доволно се зголемува нивото на кортизол, кој го намалува колагенот и еластичноста на нашата кожа.

Поради недостатокот на сон помалку го испуштаме хормонот кој помага во регенерација на кожата со што се појавуваат и првите знаци на проширени вени. Но, она што е најлошо е штетата која ја предизвикуваме кај нашата кожа и ова е невозможно да се поправи.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука