X
 22.05.2017 Здравје

Плажата помага луѓето да заборават на дневните проблеми, расправии и предизвици

Веројатно ви е познато чувството на смиреност и релаксација што се добива откако сте поминале еден ден на плажата.

Минувањето на времето покрај вода, без разлика дали е езеро, море или океан, многу позитивно делува на луѓето. Од 18 век откако докторите почнале да го забележуваат ова, почнале да препорачуваат посета на плажа за многу болести.

Се зголемува креативноста

Близината на водата помага луѓето да заборават на дневните проблеми, расправии и предизвици. Целото тело, вклучувајќи го и мозокот постигнува состојба на релаксација. Во таква состојба, луѓето се посклони да фантазираат. Водата ја зголемува креативноста и помага таа да се изрази на различни начини.

Се ослободувате од стресот

Водата е полна со природно произведени негативни јони кои се кислородни јони со додатни електрони. Тие го намалуваат стресот, главоболките и несоницата. Спротивно на тоа, уредите кои се користат дома се полни со позитивно наелектризирани јони кои го имаат спротивниот ефект. Тоа е причината зошто останувањето дома не прави иритирани и лути, додека активностите надвор од домот, особено оние покрај вода прават да се чувствуваме подобро.

Се намалува депресијата

Неуро-хемикалиите во водата имаат поголема моќ и од зелените површини при инспирирањето на среќа. Ендорфините им помагаат на луѓето при намалувањето на нивото на стресот и анксиозноста. Звукот на водата овозможува да се постигне состојба на смиреност и стабилност. Последователно, оние кои живеат покрај вода се изложени на помал ризик од депресија.

Се подобрува перцепцијата


Како високо свесни индивидуи кај луѓето многу влијание има тоа што го гледаат. Водените хоризонти и убавите плажи потсетуваат на тоа колку е убав животот. Понатаму, пространствата на морињата и океаните прават тие да осознаат колку е голем светот од кој и тие се значаен дел и одеднаш, во такви ситуации, дневните проблеми се неважни и лесни за решавање.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје