X
 22.05.2020 Живот

Избрани најубавите фотографии што совршено ја доловуваат суштината на пролетта

Како што цвеќињата расцутуваат и времето се затоплува со доаѓањето на пролетта, фотографите од целиот свет кои учествуваа на меѓународниот натпревар за фотографија организиран од „Агора“ успешно ја доловија суштината на пролетта.


„Агора“ е бесплатна апликација за фотографирање со глобална заедница со повеќе од 3,5 милиони корисници од 193 земји. Најновиот натпревар наречен „Најдобри фотографии во светот од пролетта“ собра повеќе од 14.500 фотографии од целиот свет.

Впечатливата фотографија на група собирачки на водени лилјани беше изгласана за победник на натпреварот, откако фотографот Тран Куанг Кју ги победи финалистите од 19 други земји низ целиот свет.

- Со оваа фотографија, сакав да му ја покажам на светот убавината на виетнамската култура - вели фотографот Кју.

- Оваа група на жени носат „Ао Даи“, национална облека во Виетнам. Оваа облека е дел од сликата за виетнамските жени, како во Виетнам така и надвор од границите на земјата, а особено на официјалните церемонии, конференции и свадби. Во тој поетски амбиент со расцутени цвеќиња што пловат по реката, автентичнио мост од бамбус ја симболизира врската помеѓу минатото и сегашноста - додава тој.

Погледнете ги останатите фотографии од финалистите.


Извор: Good News Network
Фотографии: Agora Images
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот