X
 22.05.2020 Живот

За празничниот викенд: Забрана за движење од 11 часот во недела до 5 наутро во вторник


За време на продолжениот викенд и празниците Свети Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, од 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот, објави премиерот Оливер Спасовски.

- Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот - објавија од Владата.


Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот