X
 22.05.2021 Култура

7 кратки класици што треба да ги прочитате

Читањето книга е секогаш добра идеја, но понекогаш не можеме да ѝ посветиме многу време. Сепак, постојат кратки литературни класици што може да се прочитаат во еден здив и - за еден ден.

Предлагаме неколку од најдобрите кратки класици што не треба да ги пропуштите и ќе ги прочитате за едно попладне!

1.  „Макбет“, Вилијам Шекспир

„Макбет“ е најкратката трагедија напишана од познатиот Шекспир. Шкотскиот генерал Макбет добил пророштво од три вештерки дека еден ден ќе стане крал на Шкотска. Потоа неговата сопруга го советува и тој го убива кралот Данкан и го зазема шкотскиот престол, но станува параноичен, па работите стануваат уште покомплицирани.

2. „Старецот и морето“, Ернест Хемингвеј

За овој роман Хемингвеј доби Пулицерова и Нобелова награда. Дејството следи еден рибар кој одлучува да отплови со својот брод на отворено море, во надеж дека ќе има успешен улов. Но, оди подалеку од вообичаеното и тогаш почнува неговата борба со морето.

3. „Појадок кај Тифани“, Труман Капоте

Импресивен роман исто како и неговиот главен лик: Холи Голајтли, која сака да ги шокира луѓето со своите ставови и делови од својот живот, и тоа го прави доста промислено. Читајќи ја книгата, ќе се фасцинирате од нејзиниот животен стил.

maliot princ
Фото: Instagram

4. „Малиот принц“, Антоан де Сент-Егзипери

За време на Втората светска војна авионот на еден пилот се срушил во пустината Сахара каде што пилотот среќава еден принц кој не е од оваа планета. Додека го планираат бегството од пустината, принцот го опишува своето патување и дека сака да се врати на својата планета, кај цвеќето што го сака. Ова е книга за деца што треба да ја прочита секој возрасен!

5. „Чудниот случај на доктор Џекил и господинот Хајд“, Роберт Луис Стивенсон

Оваа книга нуди една од најдобрите алегории за човечката природа. Научникот Хенри Џекил одлучил да направи напивка за да ја маскира својата злобна внатрешна природа, но работите не се движат според планираното. Неговата друга личност, Едвард Хајд, повеќе доаѓа до израз и почнува да доминира над него.

6. „Животинска фарма“, Џорџ Орвел

Ова е уште една алегорија, овој пат за Руската револуција. Животните на една фарма решаваат да ги соборат и протераат своите сопственици, луѓето. Тие ја преземаат фармата, но еднаквоста меѓу нив полека се губи, па почнува да се јавува раздор и одделување.

7. „Странецот“, Албер Ками


Еден од најважните романи во француската, но и во светската литература, кој се занимава со апсурдот на човечкото постоење и бесмислената низа случајности од кои не можеме да избегаме. Главниот лик е опкружен со луѓе кои навистина не го разбираат, како и со низа несреќни околности, па неговиот живот е ужасен.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура