X
 22.05.2021 Економија

Вакцините против ковид-19 создадоа 9 нови милијардери во светот

Откривањето и производството на вакцините против ковид-19 низ светот создало девет нови милијардери, пишува „Јуроњуз“. Меѓу новите милијардери се петмина поврзани со „Модерна“ и тројца со „Кансино бајологикс“, кинеска компанија за вакцини.

Овие девет милијардери заедно имаат богатство од 19,3 милијарди долари, доволно за целосно да се вакцинираат сите луѓе во сиромашните земји, и тоа 1,3 пат, изјавиле од „Пиплс ваксин“, група од невладини организации. Сепак, сиромашните земји досега добиле околу 0,2% од сите вакцини во светот, иако во нив живеат околу 10% од светското население.

Стефан Бансел, главен извршен директор на „Модерна“, сега „тежи“ 4,3 милијарди долари. Угур Саин, главен извршен директор и еден од основачите на „Бајонтек“, има богатство од 4 милијарди долари.


Фото: Pixabay

Следуваат Тимоти Спрингер, инвеститор во „Модерна“, со 2,2 милијарди долари, Нубар Ајфан, директор во „Модерна“, со 1,9 милијарда долари и Хуан Лопез-Белмонте, директор во компанија што ја произведува и пакува вакцината на „Модерна“, со 1,8 милијарда долари.

Следни на листата се Роберт Лангер, инвеститор во „Модерна“, со 1,6 милијарда долари, Џу Тао, еден од основачите на „Кансино бајологикс“, со 1,3 милијарда долари, Чиу Донгшу, еден од основачите на „Кансино бајологикс“, со 1,2 милијарда долари и Мао Хуинхоа, еден од основачите на „Кансино бајологикс“ со 1 милијарда долари.

Освен овие нови милијардери, 8 постојни милијардери го зголемиле богатството за вкупно 32,2 милијарди долари поради инвестиции во фармацевтските компании што прават вакцини.

Извор: euronews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија