X
 22.06.2020 Живот

Нашата ќерка со часови облекува и соблекува едни исти чорапи. Загрижени сме поради овој ритуал, што да преземеме?

Имам девојче од 13 години. Пред околу 7 месеци почна во одреден период од денот да ги пресоблекува блузите. Ќе земе 4 блузи и една по една сите ќе ги пресоблече. По извесно време почна да го прави тоа во периодот од 23:30 минути до 00:30 минути. Само што една блуза ќе ја подигне и ќе ја спушти неколку пати. Сега излегува во ходник и ги пресоблекува чорапите - цело време набрзина едни исти чорапи ги облекува и ги соблекува и тоа трае по цел час. За тоа време таа е свесна, ако ја прашаш нешто, ќе ти одговори или ако зборуваме нешто интересно, ќе праша нешто. Значи цело време е присутна со мислата во секојдневниот живот. Многу е интелигентна. Тоа го прави секоја вечер во одредено време, а го прави понекогаш и преку цел ден кога е дома и кога немаме гости. Пред други луѓе се срами, а кога ќе ја прашам зошто го прави тоа, вели не знае. Ве молам за совет или каде треба да се обратиме.

ОДГОВОР: Почитувана, според овие информации што ги давате можно е да станува збор за појава на одредена опсесивно-компулсивна симптоматологија. Очигледно кај вашето девојче тоа е поврзано со градење на некои ритуали на повторувачки однесувања кои на некој начин ја празнат насобраната тензија и овозможуваат смирување.

Во основата OCD симптоматологијата е поддржана од голема вознемиреност/анксиозност која бара постојано разрешување преку навидум нелогични ритуали на однесување. Овие ритуали што ги опишувате вашето девојче ги прави кон себе, што значи дека се ограничува емотивно да се изрази кон средината на некаков начин, затоа што можеби вие сте подоминантни, построги, имате големи очекувања, или забранувате и се плашите од одредени манеризми или развојни аспекти кај сопственото дете.

По описот на типот на активност (повторување, брзина, и сл. ), може да стане збор за неможност да ја изрази лутината, несогласувањето, да биде доминантна, влијателна и моќна. Што значи дека вашето дете можеби расте во средина во која се чувствува многу послаба и не успева да влијае, или пак честопати другите ги имаат решенијата за неа, ѝ ги нудат како најдобра опција наместо да ѝ се остави простор сама да ги смисли одговорите и реакциите.

Целиот одговор од Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт, може да го прочитате на Деца.мк.

Издвојуваме

Живот