X
 22.06.2021 Живот

Објавена последната епизода од третата сезона на „Сказните на Биби“. Следната сезона почнува во септември

„Каде е црното маче?“ е насловот на последната епизода од третата сеозна на „Сказните на Биби“. Може да ја погледнете на edukacija.svetotnabibi.mk, како и на официјалниот YouTube канал на „Светот на Биби“. Покрај Биби и Боби, главна улога во оваа сказна има и малата, добра вештерка, Филимена.
Најновата авантура на ликовите е последна за оваа сезона, но од продукцијата веќе ја најавуваат следната, четвртта сезона од септември.

-Тимот веќе посветено работи на следната сезона од „Сказните на Биби“. Публиката од септември ќе може да се дружи со актуелните, но и нови ликови. Остануваме посветени на креирање на квалитетни содржини за деца и се надеваме дека Биби ќе ја гледаат уште многу генерации. Летово покрај онлајн- дружбите со нашите најмили гледачи, најавуваме и дружење во живо - велат од „Светот на Биби“.

Оттаму додаваат дека „Светот на Биби“ и целиот тим ќе продолжат да создаваат едукативни содржини за деца. Од продукцијата ги покануваат фановите да ги следат нивните социјални медиуми за многубројните изненадувања кои ќе следат во текот на летото.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот