X
 22.06.2022 Живот

„Гугл“ има алатка која ве подготвува за интервју за работа

Подготовката за интервју за работа речиси секогаш е стресно искуство, без разлика колку сте сигурни во своето знаење и квалитетите. Меѓутоа, технолошкиот гигант „Гугл“ има алатка која може да им го олесни процесот на вработување на кандидатите.

Станува збор за алатката „Интервју вормап“, која користи вештачка интелигенција и ви помага да вежбате пред интервјуто. Таа функционира така што на корисниците им ги поставува оние прашања кои најчесто се поставуваат на разговорите за вработување.

Потоа алатката ги анализира одговорите, кои може да бидат усни или писмени. На крајот, алатката споделува совети за она што треба да се подобри.



Фото: Pixabay

Алатката нуди опција и да вежбате разговор со повеќе работни места и ви кажува кои зборови е најдобро да ги користите за да поминете добро на интервјуто.

Компанијата посочува дека во користење на алатката се чува приватноста на корисникот и ништо не се споделува.

Извори: Ekapija | Engadget
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот