X
 22.07.2019 Живот

„Гугл“ ќе гради 15.000 домови

„Гугл“ планира да вложи 15 милијарди долари за изградба на куќи, канцеларии и простории за малопродажба на подрачјето на заливската област на Сан Франциско. За да го оствари овој голем потфат, технолошкиот гигант се здружил со австралиската градежна компанија „Лендлис“. Овие две компании планираат да изградат 15.000 нови домови.

Проектот е предвидено да трае 10-15 години, а работата ќе започне во 2021 година.

Инаку, Силициумската долина со години води битка со недостатокот од станбен простор. Со оглед на тоа дека станува збор за подрачје во кое се наоѓаат некои од најголемите светски технолошки компании, бројот на жители секој ден се зголемува, а со тоа и потребата за нови домови. Недостатокот од пристапни станбени единици го брка средниот слој, односно работниците со средни и ниски примања, како наставниците и работниците кои работат во угостителството.

Меѓу другото, критичарите наведуваат дека приливот на компании како „Гугл“ и „Фејсбук“ и нивните добро платени работници довел до масовен раст на цените на недвижнините, а според најновите истражувања, само во Сан Франциско има повеќе од 7.000 бездомници.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот