X
 22.07.2019 Наука

Индија успешно лансираше ракета на Месечината

Индија денеска успешно ја лансираше својата втора мисија на Месечината, откако пред една недела го прекина лансирањето на леталото поради технички проблеми.

Ракетата „Чандрајан 2“ е лансирана денеска од вселенската станица „Шрихарикоте“, а се вршел и телевизиски пренос.

Индија очекува дека нејзината мисија, вредна 150 милиони долари, ќе биде прва која ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Мисијата ќе биде фокусирана на Месечевата површина, барање вода и минерали и мерење на Месечевите потреси.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука