X
 22.08.2019 Живот

Трамп воведе ново правило за мигрантите – неограничен притвор

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера воведе ново правило кое на властите ќе им овозможи притворање на мигрантските семејства на неопределено време, сè додека судијата не донесе одлука за одобрување азил, со што се поништува досегашното временско ограничување на 20 дена.

Ова ново правило ќе го замени судскиот преседан од 1997 година, со кој на американската имиграциска служба ѝ беше ограничено времето во кое смееше во притвор да држи деца на мигранти. Според оваа одлука, вообичаено беше одредуван рок од 20 дена по кој семејствата мораа да бидат ослободени од притвор.

Ова е веќе трета поголема измена на регулативата од страна на републиканската администрација за повеќе од еден месец, со која се обидува да ја ограничи имиграцијата, а повеќе имиграциски службеници почнаа со извршно дејство без официјална потврда на одлуката во американскиот Сенат.

Трамп вчера кажа пред новинарите дека неговата администрација сериозно го разгледува укинувањето на правото на државјанство за децата на странските државјани родени на територијата на САД, што ќе биде уште еден обид за целосно укинување на постојните имиграциски закони.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот