X
 22.08.2021 Култура

Ова се најдобрите научнофантастични филмови моментално на „Нетфликс“

Научнофантастичниот филм всушност никогаш не бил повеќе од гранка на својот литературен претходник, кој до ден-денес ги обезбедува сите идеи, теми и инвентивност.

Но, важно е да се знае дека книжевната и филмската научна фантастика се две фундаментално различни уметнички форми.

Филмовите во продолжение (сите моментално достапни на „Нетфликс“) ни покажуваат утопии, дистопии, оддалечени планети и нашата сопствена Земја како опустошено и уништено небесно тело.

„Сноупирсер“



Светот се промени, а човештвото се бори за опстанок. Возот кој патува низ светот ги вози остатоците од човештвото: 3.000 луѓе поделени во класи.

„Окја“



Млада девојка ризикува сѐ за да спречи моќна, мултинационална компанија да го киднапира нејзиниот најдобар пријател - фасцинантен ѕвер наречен Окја.

„Терминатор 2: Судниот ден“



Киборг, идентичен на оној што не успеа да ја убие Сара Конор, сега мора да го заштити нејзиниот 10-годишен син Џон Конор од понапреден и помоќен киборг.

„Тотално отповикување“




Кога човек одлучува да му всадат виртуелни спомени за планетата Марс, неочекувана и ужасна серија настани го принудуваат да замине на планетата.

Извор: Svijetkulture.com
Фото: Snowpiercer.fandom.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура