X
 22.08.2022 Економија

Холанѓаните 42, а Романците 31 година: колкав е очекуваниот просечен работен век во ЕУ?

Годините во кои луѓето се очекува да работат се зголемуваат. Следната генерација на жители на Европа сега се очекува да работат просечни 36 години од својот живот, иако има разлики од земја до земја. Работниот век во Европа се зголемува од 2001 година, според податоци од „Еуростат“.

Според пресметките, жителите на Европската Унија што имале 15 години минатата година би требало да работат 36 години од својот живот. Идната генерација холандски работници ќе работат најдолго - 42,5 години. Следуваат Шведска со 42,3 години и Данска со 40,3 години.

Од друга страна, младите Романци се очекува да работат најкратко - 31,3 година. Италијанците треба да работат просечно 31,6 година, а Грците 32,9 години.

Родови разлики

Во повеќето земји на ЕУ се очекува мажите да работат подолго од жените. Просечните работни години за мажите се 38,2, а за жените 33,7. Разликите се намалуваат бидејќи во 2001 разликата помеѓу очекуваниот работен век на мажите и жените изнесувала 7 години, а сега е 4,5.

Литванија е единствената земја во ЕУ каде што жените работат подолго од мажите, и тоа за 1,3 година. Најголема разлика има во Италија, каде што мажите работат просечно 9,1 години подолго од жените.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија