X
 22.09.2016 Живот

Што ве прави среќни - психолошки факти

Дали сте знаеле дека вашата омилена песна ви е омилена бидејќи ја поврзувате со некој емоционален настан од животот? Музиката исто така влијае на вашиот поглед на светот. Според некои спроведени истражувања, музиката која ја слушате ја обликува вашата перцепција на светот.

Колку повеќе трошите купувајќи подароци на другите, толку сте посреќни – така велат психолозите. Ова одлично би се вклопило за време на празничните денови - најблиските би ви биле благодарни, а вие посреќни.

Кога се зборува за трошење пари, според психолозите, подобро е да трошите пари на искуства отколку на материјални работи. Здобиените искуства резултираат со доживување на моменти вредни за паметење и голем број спомени кои ве прават среќни.

Одредени религиски практики го намалуваат стресот , како медитација, молитва преку кои индивидуата се ослободува од негативната енергија.

Иако се вели дека парите не купуваат среќа, во реална смисла, парите тоа и го можат – на пример во САД луѓето кои имаат приходи до 75 илјади долари годишно имаат можност да ги обезбедат основните потреби за живот.

Кога сте опкружени со среќни луѓе, подобро ќе се чувствувате и самите. Позитивната енергија е заразна и тоа е докажано. Особено ова е важно за луѓето на возраст од 18 до 33 години, кои се сметаат за лица кои се најмногу изложени на стрес.

Уште еден интересен психолошки факт – ако се убедувате себеси дека изминатата ноќ сте имале квалитетен сон, тогаш го измамувате вашиот мозок да поверува дека тоа е навистина така. Моќта на убедувањето во овој случај ќе доведе до зголемена енергија.

Интелигентните луѓе се потценуваат себеси, а неуките луѓе мислат дека се брилијантни. Ова психолозите го нарекуваат Данинг Кругер ефект.

Кога се потсетувате на некој минат настан, вие всушност се потсетувате на моментот кога последен пат сте се сетиле на настанот. Заради ова нашите спомени бледеат и се нарушуваат со текот на времето.

Според студија на Универзитетот од Чикаго, одлуките кои човекот ги носи се порационални кога се размислувани на друг јазик. А кога ги најавувате вашите цели, тогаш помалку е веројатно дека ќе успеете во нивно реализирање. Ова е докажано со спроведени тестови тестови уште од 1930-та година. 

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот