X
 22.09.2021 Живот

В сабота ќе се тркаат тимови од бизнис-секторот

В сабота во Скопје ќе се одржи „Business Run 2021“, трка за тимови од македонскиот бизнис-сектор. На неа можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри, соопштија организаторите.

Сите заинтересирани можат да ги пријават своите тимови преку електронскиот формулар на веб-страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денес. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

Најбрзите три тима на „Business Run 2021“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние што истрчале најбрз круг.

Целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.
Правилата и процедурите на ова издание на трката се приспособени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот