X
 22.10.2018 Култура

Хорор-серија што Стивен Кинг ја прогласи за ремек-дело

Реномираниот писател на хорор книги, Стивен Кинг има само пофални зборови зан новата серија „The Haunting of Hill House“, која дебитираше на „Нетфликс“ во петокот.

Во твит во вторникот, писателот на класичните хорор-романи како „Сјаење“ и „Тоа“, ја опиша серијата како генијално дело.

-Обично не гледам ваков вид на ревизионизам, но ова е одлично и близу до генијално дело. Мислам дека Ширли Џексон би одборил - пишува тој во на неговиот твитер-профил.

Со Кинг се согласуваат и голем дел од критичарите, а серијата на „Ротен Томејтос“ има 90 отсто рејтинг од критичарите.

Серијата, базирана на истоимениот роман од 1959 година од Ширли Џексон, го следи семејството Креин во нивните сегашни животи и во минатото, кога живееле во прогонуваната куќа Хил едно лето. Оливија (Карла Гугино) и Хју (Хенри Томас го глуми во минатото, а Тимоти Хатон во сегашноста), се преселуваат заедно со нивните пет деца во куќата, но се појавуваат сили што не можат да ги контролираат.

1
Фото: Printscreen


Семејството Креинс е прикажано години подоцна. Тие сѐ уште прогонувани од нивното минато, иако не сакаат да го признаат тоа. Најстарото од петте деца, Стивен (Мишиел Хјуисман) е автор на хорор книги. Неговата сестра Ширли (Елизабет Рисер), е директорка на погребална компанија, го обвинува бидејќи ја користи семејната траума за да ги продава неговите книги.

Тео (Кејт Сигел) е детски психијатар со мистериозна дарба што од неа постојано да носи ракавици, и таа живее кај Ширли. Најмладите, Лук (Оливер Џексон-Коен) и Нел (Викторија Педрети) имаат ментална поврзаност еден со друг, но Лук е зависник од дрога, а Нел сѐ уште е фискирана во времето кога живеела во куќата поради неодамнешна трагедија.

Серијата оди и во минатото, и се враќа во сегашноста, а повеќето епизоди се фокусираат на одреден член на семејството. Но, секогаш се чувствува како составен дел од приказната. До крајот, епизодата е обработена со задоволувачки и шокантен заклучок.

Како хорор-серија, оваа серија го покренува нивото во жанрот. Има типични моменти кога ќе скокнете од местото каде што седите, но вистинскиот хорор се наоѓа во посуптилните, морничави моменти, благодарение на режисерот Мајк Фаланган, кој во последниве години се прослави себеси како одличен режисер на овој жанр со филмовите: „Oculus“, „Hush“, „Before I Wake“, „Ouija: Origin of Evil“, и „Gerald's Game“.

Фланган поставува такво расположение што го држи гледачот во неизвесност, а шестата епизода посебно ја нагласува неговата еволуција како режисер - дека не се само духовите кои прават една серија страшна. Како и секоја добра хорор приказна, и оваа серија ги користи нашите најчести стравови: смртта на некој близок, зависноста, предавството итн. И тоа го прави на изненадувачки емоционални начини.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура