X
 22.11.2017 Живот

Разлики во размислувањето помеѓу успешните и неуспешните луѓе

Ако прашате која било личност што постигнала нешто во животот во што е нејзината тајна на успехот, речиси секогаш се работи за една работа – начинот на размислување.

Инспирирана од книгата на Т. Харв Екер - „Secrets of the millionaire mind“, страницата „Гардијан“ направи листа со клучни разлики во размислувањето меѓу оние што постигнале големи работи во својот живот и што не се плашеле да ризикуваат за да напредуваат и оние што постојано стојат в место.

Предупредување: на оваа листа пристапете ѝ со отворен ум.

Начини на размислување што водат кон неуспех:

1.    Животот ми се случува.

2.    Не сакам да изгубам во играта со пари.

3.    Сакам да бидам богат.

4.    Размислувањето на големо и надалеку вообичаено разочарува.

5.    Препреките секојпат ме блокираат.

6.    Не сакам богати и успешни луѓе.

7.    Моите пријатели главно се негативни и неуспешни.

8.    Не сакам каков било вид продажби и промоции.

9.    Чувствувам како тонам во проблеми.

10.    Се чувствувам непријатно кога добивам комплименти и/или каква било (позитивна или негативна) критика.

11.    Платен сум за своето време.

12.    Секогаш е „или-или“.

13.    Фокусиран сум на зголемување на заработката.

14.    Имам тешкотии да управувам со пари.

15.    Понекогаш сум толку уплашен, што завршувам без да се обидам.

16.    Веќе знам сè што треба да знам.

Начини на размислувања што водат кон успех:

1.    Сам го „креирам“ својот живот.

2.    Играм „игра за пари“ за да добијам.

3.    Посветен сум на тоа да бидам богат.

4.    Сакам да размислувам на големо и надалеку.

5.    Препреките се можности.

6.    Им се восхитувам на богатите и успешни луѓе.

7.    Поминувам време со позитивни и успешни луѓе.

8.    Кога имам можност, волен сум да се промовирам себеси.

9.    Моите проблеми се помали од мене.

10.    Способен сум да примам комплименти и критики.

11.    Примам плата поради резултатите.

12.    Кога се соочувам со избор или одлука, кога сум во можност, одам и на „двете“.

13.    Фокусиран сум на зголемување на своите вредности.

14.    Знам како да управувам со парите.

15.    Дејствувам и носам одлуки и тогаш кога сум уплашен.

16.    Постојано учам и напредувам.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот