X
 22.11.2018 Живот

НАСА води истрага за дрога во „Спејс икс“

НАСА потврди дека ќе почне истрага за користењето дрога и за безбедноста во компаниите „Спејс икс“ и „Боинг“ откако Илон Маск, основачот и извршен директор на „Спејс икс“, пушеше марихуана среде интервју.

Вилијам Герстенмајер, помошник-администратор за човечки истражувања при НАСА, изјави дека истрагата ќе биде насочена кон сè што би можело да влијае врз безбедноста.

НАСА во соопштението потврдува дека во текот на следните месеци заедно со приватните партнери ќе спроведе истрага за да биде сигурна дека компаниите ги исполнуваат барањата на НАСА во врска со безбедноста на работа.

„Спејс икс“ и „Боинг“ се двете компании што НАСА ги избра да превезуваат астронаути во вселената идната година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот