X
 22.11.2019 Живот

Европската Унија нуди бесплатни билети за воз за истражување на Европа

„Откриј ја ЕУ“ (DiscoverEU) е иницијатива на Европската Унија што на 18-годишниците им дава можност да ја истражат Европа и да се здобијат со искуства. Тие можат да одат сами или да додадат до четири пријатели во нивната група доколку ги исполнуваат условите.

Патничкото искуство ќе им овозможи да ја искористат слободата на движење низ цела ЕУ, да ги истражуваат различностите на земјите и градовите додека патуваат со воз, да учат за европското културно наследство и историја и да се поврзат со луѓе од целиот континент.

Иницијативата се надева дека шемата ќе им овозможи на младите што ќе бидат избрани да развиваат животни вештини што ќе бидат вредни за нивната иднина, како и независност, доверба и отвореност кон другите култури. Оние што имаат попреченост или здравствен проблем што би го направил патувањето потешко ќе добијат помош и поддршка да учествуваат. Младите ќе патуваат претежно со воз, иако постојат исклучоци за оние што живеат на остров или во оддалечена област. Речиси 50.000 млади луѓе добиле ваков билет уште во првиот круг на аплицирање во јуни 2018 година, а вториот круг веќе е почнат од 7 ноември и ќе трае до 28 ноември.

За да ги исполните условите, треба да сте родени од 1 јануари до 31 декември 2001 година, да бидете државјанин на ЕУ или легално да престојувате во една од земјите-членки на ЕУ во времето на доделувањето на наградата. Кандидатите ќе треба да учествуваат во квиз, освен ако не се пријават како член од група. Оние што ќе бидат избрани ќе можат да патуваат во период од минимум еден ден до 30 дена помеѓу 1 април и 31 октомври 2020 година.

Дополнителни информации можете да најдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот