X
 22.11.2019 Култура

Проверете каков гостин ќе има Биби в недела во 19 часот на нејзиниот јутјуб-канал

Едно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што сè прави со нејзиното семејство. Но, гостинот баш е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потстетува ова однесување на некого? На гости кај Биби ќе дојде диносаурусот Даро. Кога ќе видите што сè прави во собата на Биби, ќе се фатите за глава, но со помош на Биби, Боби и Зази тој ќе научи многу важна лекција.

Откријте повеќе в недела во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби, на премиерното прикажување на сказната „Леле, каков гостин“. Зa сценариото се погрижи Билјана Црвенковска, гласовите се на Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев, а режисер на сказната е Гоце Цветановски.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура