X
 22.12.2021 Живот

Ова се најсигурните земји за патување во 2022 година

Во светот постојат помалку и повеќе сигурни земји за патување. Хрватски „Дневник“ пишува кои се најсигурните земји за 2022 година според повеќе категории.

Најчиста вода

Кога станува збор за водата, најчиста вода има во Пуерто Вилијамс, Чиле. Пуерто Вилијамс е населба која се наоѓа на југот на Чиле и е оддалечена од големите градови и тешката индустрија. Населбата е дом на помалку од 3.000 жители.


Фото: Pixabay

Најдобра здравствена грижа

Многу фактори играат улога во квалитетот на здравствениот систем. Оваа година од „Комонвелт фанд“ направиле анализа на оваа тема разгледувајќи 11 земји со високи примања. Заклучокот бил дека Норвешка има најдобар здравствен систем во светот.

Најздрава нација

Според податоци од 2019 година, просечниот очекуван животен век во Јапонија изнесувал 84,3 години. Која е тајната на Јапонците? За почеток, тоа се здравите прехранбени навики кои вклучуваат јадење риба, овошје и зеленчук, но и напивки без шеќер, како зелениот чај.


Фото: Pixabay

Најмирољубива земја

Исланд е најмирољубивата земја во светот. Таа е на првото место на Глобалниот индекс на мирот во 2021 година. Индексот ги мери државите според безбедноста, домашните и меѓународни конфликти и стапката на милитаризација.

Извор: Dnevnik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот