X
 22.12.2022 Образование

„Од студентите на УКЛО за општеството“: Успешна и масовна Универзитетска студентска конференција на УКЛО

На УКЛО се одржа Универзитетска студентска конференција на тема: „Од студентите на УКЛО за општеството“ на која учествуваа студенти од сите единици на Универзитетот.

Масовната вклученост на студенти од прв и втор циклус студии и нивни професори овозможи на едно место да се слушнат сите нови студентски идеи и да се презентираат нови интересни истражувања кои се од значење не само за младите луѓе, туку и за општеството и времето во кое се живее.

Студентскиот лидер на УКЛО, Душан Стевановски, со посебно задоволство го нагласи активниот и голем одѕив на студентите на Универзитетот кои се вклучија во Конференцијата: 38 труда, 65 студенти и 34 ментори. Тој им честиташе на студентите што вложиле дополнителен интелектуален труд и најави одржување на уште неколку конференции кои се начин за придвижување на студентите, да бидат подобри и поквалитетни стручни личности.

1

Од името на УКЛО пред учесниците се обрати проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска- Талевска. Таа се осврна кон поширокото академско значење на Конференцијата која ги обединува трудовите од факултетските конференции, нагласувајќи ја особено универзитетско-социјалната димензија на меѓусебното обединување, дружење и подобро запознавање, кои носат и повисоки резултати и поголема успешност благодарение на непосредното и директно поврзување.

2

Како еден од носечките иницијатори за Универзитетската студентска конференција, проректорката проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска се осврнува и кон постигнатата цел на Конференцијата. Да се обединат студентите од прв и втор циклус на студии, да се подобрува степенот на индивидуална и тимска работа, поуспешно поврзување и размена, со што се овозможува дополнително подигнување на свеста за глобалните промени и потреби, создавање способност за анализа, синтеза и извлекување сознанија за одредена проблематика што несомнено имаат влијание врз личниот развој и идниот професионален раст на студентите на УКЛО. Таа оценува дека, меѓу другото, УСК им помага на студентите да стекнуваат искуство за донесување соодветни одлуки и решенија како идни академски граѓани.

Покрај ова, Универзитетската студентска конференција се одржа со уште една новина. Имено, покрај Комисијата за студентски работи задолжена за оценување на студентските трудови, студентите учесници на Конференцијата ги самоевалуираа своите презентации, со што се обезбеди потребната висока објективност и на Конференцијата и се обезбеди дополнителна вредност.

4

Универзитетската студентска конференција се одвиваше во две работни сесии во простории на Студентскиот информативен центар. На авторите на најдобро оценетите трудови ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, им додели пофалници. Тој изрази големото задоволство од успешно одржаната Универзитетска студентска конференција на која посебен печат ѝ даде забележителното учество на студентите од сите единици на УКЛО.

5

Универзитетската студентска конференција заврши со предновогoдишна студентска забава во Porta jazz, во организација на ФСС од Техничкиот факултет-Битола.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование