X
 23.01.2021 Живот

Кој е Џо Бајден? Факти за новиот претседател на САД

Џозеф Робинет Бајден Јуниор беше инаугуриран во средата, со што стана 46. претседател на САД. Кој е тој точно? Во продолжение ви нудиме неколку интересни факти за новиот американски претседател.

Најстариот претседател на САД

Бајден е роден на 20 ноември 1942 година, со што на 78 години положи заклетва како 46. претседател на САД. Ова го прави најстариот претседател во американската историја.

Втор католички претседател

Бајден е втор католички претседател во историјата на Америка. Првиот беше Џон Кенеди.

Растејќи, Бајден бил постојано исмејуван

Бајден пораснал во Скрантон, Пенс, а подоцна во Вилмингтон, каде бил исмејуван затоа што пелтечел. Неговото пелтечење траело во текот на детството и тој продолжил да пелтечи во раните 20-ти години.

Тој сам научил како да го надмине пелтечењето.

Бил фудбалска ѕвезда

Во средно Бајден играл во Академијата „Архмер“ во Делавер.

Бил вдовец

Неговата прва сопруга Нелија, загинала во сообраќајна несреќа во 1972 година. Во несреќата починала и нивната 1-годишна ќерка Наоми. Нивните други две деца, Бо и Хантер, ја преживеале несреќата, но биле повредени.

Бајден подоцна се запознал со Џил на состанок на слепо во 1975 година. Таа вели дека тој петпати ја побарал за жена пред таа да се согласи. Се венчале на 17 јуни 1977 година.

Пријателство со Обама

За време на осумте години во Белата куќа, Џо Бајден и Барак Обама постојано се обидуваа да поминат време заедно за време на нивните неделни ручеци.

бајден
Фото: Wikipedia

Не се кандидирал за претседател во 2016 година поради смртта на неговиот син, Бо Бајден

Најстариот син на Бајден, Бо Бајден, во 2015 година почина по битката со рак на мозокот. Имал 46 години. На прашањето дали ќе се кандидира во 2016 година, Бајден изјави дека тој и неговото семејство сè уште тагуваат.

2020 година беше негова трета трка за претседател

Бајден се кандидираше за претседател двапати претходно. Во 1988 година ја прекина својата кампања поради наводите за плагијат на лидерот на британската лабуристичка партија, Нил Кинок. Во 2008 година тој се повлече од трката откако се најде на петтото место во Демократската група на Ајова.

Не пуши и не пие. Наместо тоа...

Наместо тоа, Бајден вели дека неговата слабост е сладоледот. Всушност, неговата кампањата потрошила 10.000 долари на сладолед, главно за донатори.

На 29 години, влезе во историјата

На само 29 години Бајден бил избран во американскиот сенат, што го прави една од најмладите личности избрани во Конгресот.

Ја доби највисоката цивилна чест на нацијата

Неколку дена пред поранешниот претседател Барак Обама да го заврши вториот мандат, тој на Бајден му го додели претседателскиот медал за слобода, највисока цивилна чест на нацијата.

И сопругата на Бајден влезе во историјата

Д-р Џил Бајден е првата дама што има работа надвор од Белата куќа. Таа е едукатор речиси три децении, работејќи како редовна професорка по англиски јазик во текот на осумте години поминати како втора дама, а вели дека планира да продолжи да предава и додека е прва дама.

Кучето на Бајден, Мејџор, влезе во историјата

Еден од двата германски овчари на Бајден, Мејџор, е куче спасено од азил. Тоа е првото спасено куче кое живее во Белата куќа.

Закон за насилство врз жени


Џо Бајден го напиша и се залагаше за законот за насилство врз жените.

Обожавател на автомобили


Бајден е огромен ентузијаст за автомобили и сè уште поседува „Корвет Стингреј“ од 1967 година, автомобил што го добил од неговиот татко.

Извор: Zeenews.india.com Timesnownews.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот