X
 23.02.2020 Наука

Ова дрво е толку отровно, што не можете ни да стоите под него кога врне дожд

Во 1999 година радиологот Никола Стрикленд отишла на одмор на карипскиот остров Тобаго, тропски рај полн со идилични, напуштени плажи.

Првото утро таму тргнала да бара школки и корали во белиот песок, но одморот набрзо се претворил во кошмар. Стрикленд и нејзината пријателка случајно пронашле зелено овошје со сладок мирис што изгледало како мало диво јаболко.

Двете одлучиле да го пробаат, па по неколку минути пријатниот сладок вкус се претворил во луто печење и предизвикал затегнатост во грлото, што постепено се влошувало, и дошло до тој степен што тие едвај голтале.

Плодот што го пробале им припаѓа на дрвјата „Hippomane mancinella“, кои понекогаш се нарекуваат „јаболко на плажа“ или „отровна гуава“. Растението потекнува од тропските делови на јужниот дел на Северна Америка, а го има и во Централна Америка, на Карибите и во делови од Јужна Америка.

Растението има и друго име на шпански јазик, „арбол де ла муерте“, што во буквален превод значи „дрво на смртта“. Според Гинисовиот рекорд, станува збор за најопасното дрво во светот.

drvo
Фото: Instagram

Како што објаснуваат од Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида, сите делови од ова дрво се отровни и интеракција и голтање на кој било дел од ова дрво може да бидат смртоносни.

Поради застрашувачките својства, во некои делови од светот овие дрвја се обоени со црвен крст, црвен прстен или пред нив се поставени знаци за предупредување.

Иако некои би помислиле дека толку отровни дрвја треба да се отстранат, сепак, научниците потенцираат дека тие играат важна улога во локалните екосистеми бидејќи растат во густи грмушки кои обезбедуваат заштита од ерозија на крајбрежјето во Централна Америка.

За среќа, Стрикленд и нејзината пријателка преживеале затоа што каснале мал дел од јаболкото. Биле потребни повеќе од осум часа за нивната болка да се смири, додека пиеле пинаколада и млеко.

Извор: Science Alert
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука