X
 23.02.2021 Живот

Затвореник во самицата почнал да учи математика. Сега ги решава најтешките равенки во светот

Во 2010 година Кристофер Хевенс бил осуден на 25 години затвор поради убиство. Во 2020 година неговата работа во теоријата на броевите беше објавена во академско списание

Ѕидовите на ќелијата каде што Кристофер Хевенс издржувал 25-годишна затворска казна биле покриени со ливчиња од тетратка.

На голем дел од ливчињата полни со броеви имало бесмислици, но и голем напредок. Тие го покажале ветувањето во неговото образование за теоријата на броеви, иако Хејвенс сè уште не го знаел тоа. Тој, исто така, не знаел дека неговиот проблем нема одговор. На сите им изгледал како чудак, но тоа повеќе не било важно затоа што неговиот труд водел некаде.

Ноември 2012 година не било првпат кога Кристофер мислел дека ќе стигне до дното. Имало години што ги минувал бегајќи од законот, кога неговото семејство претпоставувало дека е мртов. Имало ноќи што ги поминувал на улиците низ Сан Франциско, губејќи го старателството и контактот со неколку од неговите деца. Како и повеќето зависници, и Хејвенс неколку пати се заколнал дека тоа ќе биде последното дно што ќе го допре.

Тој се наоѓал во самица во државниот затвор во Вашингтон. Кога пристигнал, во разговорот по телефон со неговиот татко, татко му го прашал дали ќе биде риба во морето полно со ајкули. Тој избрал да биде ајкула, па се здружил со „братство“ во затворот. Неговата задача била да се бори со друг затвореник. Затоа, по два месеца откако влегол во затворот се нашол во мала, студена ќелија каде што светлата биле вклучени 24 часа на ден, а затворениците околу него ги ослободувале гневот и фрустрацијата со врескање и удирање по ѕидовите. Не можел да спие, па седел решавајќи судоку и размислувајќи за децениите што му останале.

Секое попладне, иако било тешко да знае кој дел од денот е поради запалените светла, Хевенс можел да слушне како вработен во затворот им давал нешто на другите затвореници.

1
Фото: Popular Mechanics

- Тој им даваше нешто и продолжуваше - вели Хевенс.

Хевенс го прашал вработениот, но тој ништо не му одговорил. Наредниот ден добил пакет со работни листови по математика.

Како што раскажува, се откажал од средно училиште, а дури и кога присуствувал, пропуштал голем дел од часот поради употребата на дрогата. Но, откако почнал да добива задачи по математика, можел да најде решение за секоја задача.

- Со ноќи останував буден - вели тој. Секој ден добивал нови задачи и коригирани работни листови што во принцип биле основи на математиката, претежно алгебра, па затоа почнал да бара потешки задачи. Така, еден ден добил белешка наместо неговите редовни задачи.

- Господине Хевенс, вие ги надминавте моите способности. Со среќа - пишувало во белешката.

Првпат по долго време, можеби уште од детството, Хевенс сфатил дека има вроден талент. Тој бил ситен крадец и голем зависник од дрога, но тие години во кои бил добар само во лошите работи оставале само празнина. Сега, секоја решена равенка ја пополнувала празнината. Тој чувствувал мир. Имал некаква насока. И како што вели, се заљубил. Така, Хевенс решил да ги посвети своите 25 години на подготовки за неговата иднина во математиката, со идеја дека некогаш ќе може да го врати неговиот долг кон општеството како математичар. Но, воопшто не пресметал колку брзо ќе пристигне таа иднина.

Хевенс знаел точно што направил и зошто бил во затвор. Во 2010 година тој живеел во Олимпија, Вашингтон, а откако поради зависноста од дрога ја изгубил работата, почнал да продава дрога. Човекот што го убил бил некој со кој продавал. Хевенс вели дека се плашел од него, па затоа тој и уште еден човек одлучиле да го убијат.

Со оглед на светот во кој почнал да живее, лесно заборавил дека во основно бил одличен со бројки. Неговата мајка била шокирана кога дознала колку брзо нејзиниот син ја сфаќа математиката. До четврто одделение нејзиниот син бил толку напреден, што наставниците честопати барале од него да им предава на други ученици. Но, во тинејџерските години западнал во неволја и почнал да оди по пат од која подоцна не можел да врати.

Откако Хевенс ја доби пораката, почнал да учи тригонометрија, калкулус и напредни концепти како хипергеометриско сумирање. Кога ѝ се јавил на мајка му да му побара учебник по тригонометрија, таа малку се изненадила. Не затоа што бил лош ученик во средно, таа знаела дека е паметен, туку затоа што конечно почнал да развива желба да направи нешто со неговиот интелект. За неколку месеци, тој бараше учебници како „Конфлуентни хипергеометриски функции“, што неговата мајка барала тој да ги напише затоа што немала претстава за што зборува.

Кога му завршил периодот во самица и се вратил во затворската ќелија, неговите пријатели забележале промена.

- Во тоа време повеќе се грижев за моето образование отколку за затворската култура. На крајот, еден од затворениците ми рече: „Ти не припаѓаш тука“, на што му реков: „Знаеш што? Во право си“ - вели Хевенс.

Ако ова не се неговите луѓе, тогаш сигурно може да се пронајде меѓу професионалните математичари во светот. Во јануари 2013 година Хевенс им пишал на издавачите на математички науки, организација што објавува неколку престижни академски списанија за математика. Тој им објаснил дека е затвореник кој се обидува да научи напредна математика.

2
Фото: Popular Mechanics

- Ги замолив да ми испратат нивни списанија и да ми кажат дали знаат со кого би можел да разговарам - вели тој. Неколку недели подоцна тој добил љубезна белешка што имплицирала дека списанијата би биле претешки за него. Во тој момент Хевенс повторно се чувствувал осамен и несигурен. Но, си рекол дека нема да се врати назад. Не овој пат.

Затворот е хаотичен. Постојат правила, но затворските чувари можат да ги прекинат рутините во секој момент. Затворениците немаат никаква контрола. Некој друг диригира кога тие треба да јадат, да се тушираат, да работат и да спијат. Но, математиката му помогнала на Хевенс да чувствува дека има контрола. Постојат правила, но тие се логични и доследни низ дисциплините. И за разлика од затворот, дури и кога Хевенс ги разбира основните работи на проблемот, крајниот резултат е често изненадување. Математиката е совршен противотров на затворањето.

Гери Гордон, професор по математика на колеџот „Лафајет“ во Истон, Пенсилванија, порано го уредувал делот „Проблеми“ од списанието „Математички хоризонти“, списание за додипломски студии за љубителите на математиката. Во секое издание тој поставувал незгодни, но не тотално нерешливи проблеми и читателите му испраќале свои решенија. Не било невообичаено и затвореници да испраќаат решенија. Во 2015 година Гордон добил решение од Хевенс. Тој бил импресиониран од тоа како Хевенс го добил вистинскиот одговор. Било јасно дека нема типична основа по математика затоа што не ги користел видовите математики што Гордон очекувал да ги види во одговорите.

1

Но, Хевенс не бил задоволен со решавањето на овие задачи. Тој сакал да биде вистински математичар. Во својoт апел до издавачите на математички науки, Хевенс ја забележал неговата фасцинација со теоријата на броеви, што е студија за цели броеви. Теоријата на броеви вклучува работи како модуларна аритметика, каде што повторуваните модели на броеви ни помагаат да разбереме работи како времето во 24-часовен ден на 12-часовен часовник.

За среќа, на Хевенс му била испратен тежок математички проблем. Она што Хевенс го испратил била долга, комплицирана, рачно напишана формула. Еден од научниците што го испратил математичкиот проблем ја внел формулата во компјутерот и на негово изненадување, резултатите биле точни. Умберто му испратил уште еден проблем, но проблем за кој дотогаш немало решение.

Хевенс не го знаел тоа, па се фатил за работа.

На Хевенс му преостануваат уште 14 години од казната - 12 со добро однесување. Секако, бидејќи е самоук, има големи празнини во неговото математичко знаење. Тој и понатаму се допишува со тимот на Умберто и уште еден професор по математика на „Харвард“, во обид да ги пополни тие дупки. Планира да почне формално образование откако ќе излез од затворот.

Во 2016 година Хевенс го почна проектот за изучување математика.

- Мојата мисија е да го сменам животот на затворениците преку математиката - вели тој. Програмата се заснова на она со кое Хевенс почнал во самицата - едноставни работни листови по математика. Потоа Хевенс ги спарува затворениците со академски ментори за да им помогнат во нивното учење.

Помеѓу пополнувањето на празнините во сопственото образование и создавањето на програмата, Хевенс го поминува остатокот од казната кон поголема математичка цел: учење криптографија.

Извор: Popularmechancis.com
Фото: Washington State Department of Corrections
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот