X
 23.02.2022 Образование

Колкав џепарлак добиваат студентите на универзитетите „Оксфорд“ и „Кембриџ“?

И покрај поволностите што ги имаат некои студенти, студирањето не е бесплатно и не им е достапно на сите. Поради тоа, студентите се зависни од своите родители или мора да работат додека студираат. Платформата „Нет вест“ открива колкав е месечниот џепарлак на студентите на британските универзитети, меѓу кои и елитните „Кембриџ“ и „Оксфорд“.

Како што покажуваат податоците, студентите од Универзитетот во Единбург и Универзитетот во Оксфорд добиваат највисок просечен месечен џепарлак - 314,7 фунти и 307,7 фунти, соодветно.

Следуваат Универзитетот во Дурам и Универзитетот во Кембриџ со просечен џепарлак од 300,7 фунти и 270,5 фунти.

Најмал просечен џепарлак добиваат студентите на Универзитетот во Саутемптон - 185,7 фунти.

„Нет вест“ заклучува дека студентите на престижните факултети и оние што студираат во градови кои се поскапи за живот се најзависни од родителите.

Made with Flourish


Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование