X
 23.02.2022 Живот

Yon Idy сними спот за песната „In Time“

„Mило ми е кога можам да се насмевнам мислејќи на минатото“

Kантавторот Yon Idy го промовира спотот за својот најнов сингл „In Time“. Пошироката публика неодамна го запозна овој млад изведувач откако стана еден од шесте финалисти во националниот Избор за песна на Евровизија. Но, Yon не застанува, па набрзо потоа сними и спот за да ја заокружи приказната за In Time.

Yon секогаш успешно ги комбинира музиката и текстот за да ѝ ја пренесе емоцијата на својата публика токму онака како што тој самиот ја доживува - „Wish I could think of you and not say it's something wrong / No it didn't last long, but I am still holding on to you“.

- In Time во суштина е песна за убавите спомени. Неодамна сфатив дека како и да заврши односот со некоја личност, она што секогаш ни останува во сеќавање се убавите спомени. Мило ми е кога можам да се насмевнам мислејќи на минатото. Особено ми е драга оваа песна затоа што на неа публиката најдобро реагира кога ја изведувам во живо - вели Yon.



„In Time“ се надоврзува на неговиот сингл од септември 2021 година „My Fire“, кој има 15.000 стримови на Spotify и речиси 100.000 прегледи на спотот.

Yon Idy пораснал опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува во неа и учи од класичните уметници како „Битлси“ и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со доза на блуз и инди-ноти. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно, но истовремено работи и на нови песни, па со нетрпение очекува да го издаде својот прв албум оваа година.


Погледнете го видеото:



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот