X
 23.03.2017 Живот

Високите очекувања од децата се клучен фактор за успех во животот

Денешните родители се најчесто се обидуваат да ги задоволат сите потреби на децата иако со ова придонесуваат за нивна мрзеливост која може да им донесе многу потешкотии во иднина.

Успехот на родителот е сепак поголем кога ќе воспита силна и одговорна личност, а токму за ова треба да се постават високи очекувања. Очекувањата доаѓаат од идејата дека истите очекувате да се исполнат од личноста за која се поставени. Тие се во корелација со способностите кои ги поседува личноста.

Привилегијата да се очекува од некој да направи нешто доаѓа со соодветна одговорност. Не е важно дали личноста се чувствува способна да направи нешто – ќе мора да се направи сѐ за посакуваното да се постигне. На тој начин започнува процесот на растење. Додека личноста се обидува да достигне нечии очекувања, започнува да ги комбинира способностите на различен начин на кој може да се постигнат резултати.

Како што минува времето, растењето продолжува, а со тоа и очекувањата. Затоа најдобро е да се градат способностите уште од рана возраст.

Не станува збор за тоа дека Вашите деца не се способни да направат нешто. Родителите често мислат дека ако ги остават сами на себе во такви ситуации тие е бидат фрустрирани и тоа ќе им предизвика трауми што ќе ги уназадуваат. Сметаат дека стресот што може да го чувствуваат кога од нив се очекува повеќе, може да е преголем за нив.

Како да поставите високи очекувања од децата?

Најпрвин треба да знаете дека децата се способни за многу повеќе. Ако сакате да ги поддржите, поддржете ги, но ова не значи дека треба да ги правите работите наместо нив. Консултирајте се со нив, помогнете им да откриваат, но никогаш не преземајте ја нивната улога. Долгорочниот ефект од ова е се исплати.

Секако, очекувањата што ги имате од децата зависат од нивната возраст и способности. Вашата способност да ги препознаете моменталните способности и вештини е клучна. Не им поставувајте очекувања кои не можат да ги исполнат. Не заборавајте дека не можете да го присилите Вашето дете да ги исполни.

Она што детето ќе го научи на рана возраст ќе му се рефлектира низ цел живот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот